ЕВН излезе со кратка информација за прекинот на струја во цело Скопје

|

Поголем дел од Скопје попладнево остана без електрична енергија.

Од ЕВН за порталот „Локално“ велат дека станува збор за екс плозија на високонапонска 400 киловатна мрежа на МЕПСО.

– Немаме информација целосна, единствено дека има експ лозија на високонапонска 400 киловатна мрежа на МЕПСО. Нема дотур на електрична енергија до мрежата на ЕВН, информираат од компанијата.

Струја попладнево немаше во Аеродром, Центар, Тафталиџе, Дебар Маало, Кисела Вода, Карпош, Ѓорче Петров и други населби.

Прекинот на струја предизвика сообраќаен хаос, бидејќи семафорите беа изгасени, но сега се е повторно во функција.