По снемувањето струја, преземени сите мерки за здравствена нега на пациентите, соопшти министерот Сали

|

Министерот за здравство, Беким Сали на својот ФБ профил истакна дека по снемувањето струја на територијата на Скопје се преземени сите мерки, скопските клиники да продолжат да функционираат нормално.

„Ја информирам јавноста дека по прекинот на електричната енергија во текот на попладневните часови во Скопје, на Клиничкиот центар во Скопје се преземени сите неопходни мерки за да се избегнат какви било последици во однос на нормалното функционирање. Непречено функционираат и агрегаторите во сите клиники, а здравствената нега кон пациентите не е попречена во ниту еден момент“, напиша Сали.

Околу еден час во Скопје немаше напојување со електрична енергија.