Бела Хадид објави фотографија од нејзиниот татко од 1992 година: „Бегалец на Олимпијадата“

ИЗВОРНов Лист
|

Американската манекенка Бела Хадид (25) е горда на своето палестинско потекло и редовно се бори за палестинските права на социјалните мрежи.

Овој пат таа објави фотографии од нејзиниот татко Мохамед Хадид (73), кои се направени на Зимските олимписки игри во Франција во 1992 година.

– Пред 30 години. Тој беше единствениот Палестинец, кој се натпреваруваше за Јордан, а тренер беше Франц Вебер. Бегалец на Олимпијадата. Многу сум горда, напиша Бела во описот на фотографиите.

Истото го направи и Џиџи Хадид (26), која ја сподели истата фотографија и истакна дека нивниот татко е роден во Назарет.

– Ти благодарам љубов моја. Горд сум што сум твој татко – рекол Мохамед, кој моментално гради луксузни недвижнини.