Невидена снимка: Ерик Фокс покажа како Тоше го подготвуваше албумот за светска слава

|

Поминаа 14 години откако нашата музичка легенда, Тоше Проески, не напушти, но тагата по него воопшто не стивнува. Иако се поминати толку многу години, сепак нов материјал сеуште има.

По неговото заминување објавени се уште три нови албуми кои Тоше ги подготвувал и снимал, а најголемиот дел од нив беа наменети за негово пробивање на странскиот пазар, односно во Велика Британија и Америка.

Сега веќе на сите ни е јасно дека тој напорно работел за да ја освои светската сцена, а според она што го слушаме можеме само да замислиме каде ќе беше сега доколку судбината одлучеше поинаку.

Фановите со нетрпение очекуваат нешто ново без разлика дали е нова песна, подзаборавено видео или необјавена фотографија.

Познатиот диџеј Кире, попознат како Ерик Фокс, беше и добар пријател со Тоше, па сега токму тој ги почести фановите со видео снимка од студиото на легендата, кога тој пред него свирел дел од песните со кои тој требаше да се пробие на светскиот пазар. Видеото погледнете го во продолжение:

(Н.Ј.)