Грашо и Хана нема да го поминат заедно денот на вљубените: Причината излезе на површина

ИЗВОРНов Лист
|

Ако и се верува на најавата на белградскиот хотел, Петар Грашо и Хана Хуљиќ нема да го прослават заедно Денот на вљубените.

Имено, популарниот пејач вечерва ќе ги забавува другите заљубени парови, додека неговата избраничка ќе биде во Сплит. Причината е оправдана – убавата Хана е бремена и не и се препорачува патување.

Но, овој февруари сепак ќе биде посебен во нивните животи бидејќи наскоро ќе застанат пред олтарот. Почнаа да се гледаат минатата година, кога заврши љубовната приказна на Грашo со колешката Данијела Мартиновиќ.

Петар не сака да зборува за својот приватен живот, но неодамна откри дека е посреќен од било кога. А, не се сомневаме дека „причината“ за тоа е 14-години помладата ќерка на неговиот добар пријател, композиторот Тончи Хуљиќ.

– Љубовта се случи. Љубовта треба да се случи, а не да се планира и не мора премногу да се зборува за неа. Ова се некои работи кои човек треба да ги негува во себе. Да, има прекрасен период во животот со личноста која ви значи најмногу во тој момент и со која планирате да запловите.

Денот на вљубените ќе помине одвоено, но во сабота ги очекува голема прослава. Свадбата е закажана за 19 февруари во „Црквата Свети Фрањо“ во Сплит.