Соопштение од АВРСМ за сите корисници на паричен надоместок

|

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија на крајот од минатата недела (11.02.2022 година) објави дека е извршена редовна исплата на паричен надоместок за месец Јануари 2022 година на 12.674 корисници на паричен надоместок по основ на стечај, технолошки вишок, материјално обезбедување.

Сето ова согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност и Законите за материјално обезбедување на стечајните работници. За оваа цел беа исплатени 128.021.562,00 денари.