Навивачите бесплатно ќе ги гледаат финалињата во европските купови во мај

|

Европската фудбалска федерација (УЕФА) реши да им излезе во пресрет на навивачите како поддршка за тешкиот панд емиски период и да им додели влезни билети за финалните натпревари од европските купови.

Претседателот Александар Чеферин и неговите соработници донеле одлука да одвојат вкупно 30.000 билети за финалните средби, вклучувајќи ја и Лигатана шампионите во женска конкуренција.

Според тоа, фановите на финалистите во ЛШ ќе добијат по 5.000 билети, во Лига Европа по 4.000, додека во Конференциската лига и женската ЛШ по 3.000 билети.

УЕФА потенцира дека на клубовите ќе им биде строго забрането да ги дели тие билети на спонзори и на членовите на раководствата.

Проценките се дека клубовите загубија 7 милијарди евра како последица од пан*емијата.