Петар Грашо ја прекина тишината: „Сакам луѓето да се грижат за песните, а не за мојата спална соба“

ИЗВОРНов Лист
|

Иако љубовната врска меѓу Петар Грашо и Хана Хуљиќ е позната веќе долго време, музичарот дури сега одлучи јавно да проговори на оваа тема.

„Љубовта се случи. Љубовта треба да се случи, не треба да се планира, за љубовта не треба да се зборува премногу. Ова се некои работи кои човек треба да ги негува во себе, не треба да се фали со тоа. Да, има љубов. Да , тоа е убав период од животот со личноста која ти значи најмногу во тој момент и со која планираш да се препуштиш и да запловиш“, изјави пејачот.

Грашо се осврна и на претстојната венчавка која е закажана за 19 февруари во Сплит.

“Ниту тоа не е тајна, иако разгледавме 40 различни датуми. И Хана и јас сме луѓе кои не сакаат да се појавуваат во весници. Неверојатно е што бевме на толку многу насловни страници, рече пејачот.

Тој ја коментираше и добрата вест дека тој и Хана ќе станат родители.

Ќе бидам татко. Благодарни сме за секој чекор што е направен кон нас. Малку е смешно што луѓето насекаде нè фаќаат по телефон, имам 25 години кариера, но очигледно на луѓето им недостасуваат некои од овие убави приказни. Но, ќе се обидам да си ја задржам приватноста бидејќи сакам луѓето да се грижат за песната, а не за мојата спална соба“, изјави Грашо.

Познато е дека Петар со години е семеен пријател на семејството Хуљиќ, а во една емисија кажа дека Тончи и тој секогаш биле тука еден за друг, и пријателски и приватен и деловен.

Отсекогаш сме биле семејство, а сега сме формално и легално.Ги обожавам овие луѓе,навистина,секогаш и многу добро се сложуваат со моите.Живееме како сите нормални луѓе.