Новак Ѓоковиќ: Ќе ги жртвувам трофеите ако ме тераат да се имунизирам

|

Доколку ме тераат да се имунизирам, ќе ги жртвувам трофеите. Никогаш не сум бил против имунизацијата, но секогаш сум ја поддржувал слободата на избор што ставате во своето тело, вели Ѓоковиќ.

Не сум антивак сер, но ќе ги жртвувам трофеите ако ме натераат да се имунизирам, порача српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ во интервју за Би Би Си, прво по инцидентот во Австралија од кадешто беше депортиран.

Тој се надева дека условите за имунизација на некои турнири ќе се променат и се надева дека ќе игра многу години. Но исто така потврдува дека е подготвен да се откаже од шансите да стане статистички најдобар тенисер на сите времиња.

– Затоа што принципите за носењето на одлука за моето тело се многу поважни од било кои титули или било што друго. Се обидувам да бидам во склад со моето тело колку што е тоа можно. Никогаш не сум бил против имунизација. Разбирам дека глобално сите се обидуваат да вложат големи напори да се изборат со оваа зараза и наскоро се надевам на што побрз крај на оваа зараза, порача Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ минатиот месец беше депортиран од Австралија по сагата која траеше повеќе од десет дена. Судот одлучи дека министерот за имиграција Алекс Хоук има право да го депортира од Австралија поради неговите ставови кои ги нарече „опасни за здрајето на нацијата“. Се откри дека Ѓоковиќ имал прележано, но не е имунизиран.