Данијела Мартиновиќ на „Денот на вљубените“ за првпат објави љубовна порака

|

На вчерашниот денот на вљубените, пејачката Данијела Мартиновиќ испрати јасна порака, а оние кои знаат да читаат меѓу редови ќе разберат дека истата е посветена на Петар Грашо.

– Дождот не може ништо освен да паѓа. Љубовта не може ништо освен да сака, напиша пејачката во описот на фотографијата.

Многумина се прашуваат на кој ја упати оваа порака, можеби пејачката има нова љубов, или пак ја посвети на Петар Грашо кој наскоро ќе стапне на лудиот камен.