Татјана Стојановска откри како го слави „Денот на вљубените“

|

Убавата телевизиска водителка Татијана Стојановска откри како го прослави денот на вљубените, но и денот на виното.

– Што се однесува до прославувањето на Св. Валејтан кој во последниве години се прославува како ден на љубовта и кај нас, иако е католички празник, не сум имала ништо против да се одбележи. Убаво е да се покаже внимание на партнерот, но сметам дека тоа треба да се прави било кој ден, не ги сакам клишеата дека токму на тој ден треба да се подари нешто. Ако се чувствувам така ќе купам нешто симболично, но не со обврска дека морам. Подраго ми е кога ќе си дадеме подарок без некој повод. Ако ме прашувате дали Св. Валејтан или Св. Трифун би рекла и двата празника се убави и кој како си чувствува нека си ги прослави. Да бидеме среќни и вљубени и да наздравуваме за убавината на животот секогаш“, вели Татјана.

Инаку, Стојановска и Миахаил се во врска околу 10 години, но нивната љубов не ја официјализираа со брак.