Утре без вода повеќе улици во Скопје

|

Без вода утре од 9 часот ќе бидат повеќе улици во Општина Центар во Скопје.

Прекин на водоснабдувањето ќе имаат корисниците од улиците „Тетовска”, „Стив Наумов”, „Раде Јовчевски Корчагин” и „Јосиф Јосифовски Свештарот”, вклучително амбулантата и полициската станица.

Исто така, без вода ќе бидат и корисниците од улицата „Мирче Мацан” и потегот од Светозар Марковиќ до Кеј 13-ти Ноември (Дрво Декор).

Причината за прекинот, како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација”, е изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на улицата „Тетовска” 33 и на „Мирче Мацан”.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со активностите.