Партнерката на Андрија Милошевиќ го откри полот и името на детето што го чекаат

ИЗВОРНов Лист
|

Александра Томиќ, партнерката на Андрија Милошевиќ, го откри полот на детето што го чекаат. Актерката треба да се породи на почетокот на март.

„Го чекаме нашиот син Рељ. Името му го даде еден од моите најдобри пријатели. Во ниту еден момент не го криевме полот на бебето, само немавме желба ниту потреба да ја информираме јавноста за сите детали“, изјави Александра.

Таа откри и како се справува со бременоста.

„Природата ме почести со многу лесна бременост и не сум поминала низ многуте предизвици кои често ги имаат жените па не смеам да се жалам. Сигурна сум дека за многу жени бременоста не е само задоволство туку борба со сопственото тело и психа“, објасни таа. Таа додава дека е многу возбудена поради доаѓањето на првото дете.

„Апсолутно сум подготвена, но тоа не значи дека немам одреден вид на нервоза што оди заедно со возбуда и желба сè да оди добро. Едвај чекам да го видам тоа мало суштество“,заклучи таа.

Потсетуваме дека се дозна во октомври минатата година дека Александра и Андрија чекаат дете. Актерот вчера објави и фотографии на кои неговата партнерка покажа поголем труднички стомак.