АМСМ: И денеска прекин на сообраќајот на еден патен правец

|

На патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, сообраќајот ќе биде во прекин во времетраење од 10 до 15 минути меѓу 11 и 14 часот поради изведување градежни работи на пат (мини рање), информираат од АМСМ.

Сообраќајот на другите државни патишта се одвивa непречено по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.