Рекордер: Возач во Скопје фатен како “лета” со 167 километри на час ноќе

|

За време на сообраќајните контроли во Скопје, во ноќните часови полицискиот радар регистрира како едно возило се движи со 167 километри на час, со што е радикално надмината максимално дозволената брзина за движење. За брзо возење се казнети 49 возачи, а изречени се и санкции за други прекршоци.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изречени се вкупно 210 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, 35 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, 21 мерка за возач почетник.

Изречени се 14 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за недавање првенство на пешаци, седум мерки за нерегистрирани возила, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 45 за непрописно паркирање, велат од МВР и апелираат да се почитуваат сообраќајните знаци и прописи.