Јелена Розга: „Плачев на стиховите, солзи течеа“

ИЗВОРНов Лист
|

На промоцијата на албумот на Саша Матиќ му се придружи Јелена Розга со која го изведе заедничкиот дует „Ти и јас“. Пејачката го доби демото пред еден настап и не можеше да ги сокрие солзите.

За мене утрото почнува со песна. Кога сум нерасположенa, кога го имам најтешкиот ден на светот и кога е југот, кој на нас Далматинците не го сакаме, јас секогаш пеам, па и Саша. Така, кога ќе се сретнеме на клавир, тој седнува, јас седам до него и почнуваат песните, раскажува пејачката Јелена Розга (44) за десетгодишното пријателство меѓу неа и српскиот пејач Саша Матиќ (43), кое го пренеле преку нивниот прв дует „Ти и јас“.

Пејачката го доби демото пред еден настап и не можеше да ги сокрие солзите.

– Плачев на текстот, солзи течеа… Набрзина ја поправив шминката и се качив на сцената, но песната цело време ми беше на уво. Мелодијата е убава, но секогаш прво се фокусирам на текстот. Како сунѓер веднаш го впивам текстот и ја знам песната уште од првото слушање. Тоа е еден професионален деформитет, но одлично е во мојата работа бидејќи сè брзо фаќам.