Минимален тренинг и една храна се клучни: Еве како Северина со години одржува совршена линија и младешки изглед

ИЗВОРНов Лист
|

Освен титулата регионална ѕвезда, Северина ја носи и стилската икона кај познатите дами. Со својот изглед на 50 години таа апсолутно го привлекува вниманието на сите.

Многумина прашуваат, која е тајната на таквата фигура. Имено, пејачката еднаш го откри својот ’рецепт’ во интервју во 2019 година, што, всушност, воопшто не е тешко да се примени.

Навистина сакам да јадам многу овошје, но и зеленчук. Всушност – јадам сè. Во последно време многу овошје, а сега ми се допаѓаат сите шумски овошја, дињи, лубеници“, откри таа и додаде дека и навиките кои ги усвоила низ годините и помагаат да ја одржи линијата.

„Одамна решив дека нема да го заситам телото со ток сини. Некако ми се чини дека сум на добар пат целосно да ги исфрлам од исхраната. Но, јас навистина сакам да јадам и можам да јадам многу“, призна пејачката.

Додала и дека сака денот да го започнува со смути. Таа комбинира овошје и зеленчук, во зависност од тоа што има во фрижидерот или што јаде во тој момент. Но омилена комбинација и е, особено во лето, моркови, цвекло, малини, јагоди, боровинки и капини помешани со бадемово млеко, а понекогаш додава и малку банана за убава текстура.

Северина знае дека за добра фигура е потребно малку вежбање, а пред турнејата поголемиот дел од времето го поминува во теретана. „Не сум тип што одам во теретана секој ден. Имам добро тело, па дури и еднаш неделно ми е доволно, но ако се подготвам за турнејата, тогаш одам три или четири пати“, рече таа.