|
Денот на вљубените, за оние кои го слават, може да биде тажен ден особено за оние кои во меѓувреме го изгубиле животниот сопатник.
Поради тоа Ешли Менинг има мисија да ги расположува вдовиците на 14 февруари, делејќи им букет цвеќе и кеса со вино и натпис:
„Ти си сакана и ценета секој ден. Никогаш немало момент кога си била заборавена“.
Наместо да слави со својот сакан, грижливата мајка на 4 деца оваа година им подели цвеќиња на 400 жени кои повеќе немаат сопруг покрај себе. Погледнете: