Пакистан го награди ко-основачот на „Мајкрософт“, милијардерот Бил Гејтс, со второто највисоко цивилно признание Хилал-е-Пакистан, за ублажување на сиромаштијата и неговата посветеност на искоренувањето болести.
На Гејтс му беше врачена наградата Хилал-е-Пакистан, директно од претседателот Ариф Алви. По церемонијата, тој имаше состанок со премиерот Имран Кан.
– Посветеноста на Пакистан да стави крај е инспиративна, изјави Гејтс во објава од фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.
Фондацијата на Гејтс помогна речиси да се искорени болеста.
Милијардерот пред новинарите во Исламабад изјави дека е импресиониран од тоа што го прави Пакистан.
– Мислам дека со тоа што ќе го преземи Пакистан во 2022 година, најверојатно ќе му дојде крајот, појасни Гејтс.