Пита со макарони: Брз оброк за целото семејство, подготвен за 15 минути

|

Повеќето домаќинки ќе се согласат дека понекогаш на сите им е потребен брз рецепт за јадење.

Затоа подготвивме рецепт за пита со макарони за сите љубители на тестенини, но и брзи и вкусни јадења. Комбинацијата од тестенини и кремаст прелив никогаш не ве остава рамнодушни, а веруваме дека децата најмногу ќе уживаат во вкусот на оваа пита.

Состојки: – 1 л. млеко – 500 гр. макарони – 4 јајца – 1 чаша јогурт – 1 кесичка прашок за пециво – 150 гр. кашкавал – 2 лажици сол – масло за подмачкување.

Подготовка:

Во поглема шерпа истурете го млекото, а кога ќе зоврие, додадете ги макароните и оставете ги да се варат пет минути.

Изматете ги јајцата, па додадете им јогурт, сол и прашок за пециво.

Премачкајте го плехот со масло, па истурете ги макароните, прелијте ги со смесата од јајца и јогурт, па сето тоа убаво измешајте го.

Кашкавалот изрендајте го крупно, па рамномерно распоредете врз макароните.

Печете на загреана рерна на 200 степени, 30 минути. Питата оставете ја 10 минути да се излади, па пресечете ја на коцки и послужете.