Скринингот ќе „каже“ дали ќе се олеснат мерките, од 200 тестирани, само еден ученик позитивен

|

Се бележи пад на бројот на заразени во последните недели, а со тоа здравствените власти се надеваат дека доаѓа и крајот на четвртиот бран. Сепак, според она што го велат властите за олабавување на мерките е потребен колективен им*нитет.

„Доколку добиеме резултати кои што се позитивни, односно над 70% од имун*зацијата вкупна во држават тогаш во тој случај може да кажеме дека веќе почнуваме со олабавување, односно олеснувања за нормално функционирање на нашите граѓани“, изјави министерот за здравство Беким Сали.

А колку далеку сме од колективен имунитет ќе покажат резултатите од скринингот кој моментално се спроведува. Планот е да се направат 3.000 тестови низ цела Македонија, од кои 1.000 во Скопје. Денес во Битола се чекаше ред за тестирање, граѓаните велат дека бесплатниот тест е одлична можност која треба да се искористи.

Во однос на скринингот во училиштата од Министертвото за задоволни од одзивот.

„Она што го забележуваме моментално, е дека повеќето држави држат настава со физичко присуство, односно нема онлјан, но за да бидеме релевантни и да не настанат некои штети по нашите деца сепак овој скрининг ќе ја покаже вистинската насока во која се движиме“, вели Владимир Рендевски, заменик министер за здравство.

„Ние сме позитивно изненадени. Во текот на вчерашниот ден добивме 4.000 одобренија од родители за да се направи скрининг анализи со тестирање на деца кои што се на школска возраст. Нас ни беа потребни околу 1.000.“, рече Сали.

Според последните анализи на Комисијата за заразни болести, забележан е раст на позитивни со болеста кај деца од 6 до 14 години. Експертите ова го препишуваат на почетокот на учебната година и враќањето на децата во училишните клупи.

„Засега, резултатите се многу позитивни. Од направени 200 анализи во текот на вчерашниот ден сме добиле само еден позитивен резултат. И доколку продолжи вака, анализите ќе траат уште 2-3 дена во Скопје бидејќи таму беше поголемиот број на инфицирани, доколку е ваков бројот и во другите делови од Скопје тогаш нема потреба од продолжување на анализите“, изјави Сали.

Нивото на примени дози и целосна имунизација на населението во Македонија е пониска од Европа.