Игор Џамбазов, еден од најпознатите наши актери и шоумени, редовно споделува моменти од својот приватен живот, одморени и релаксирани мигови со своите најблиски, особено со неговата сакана Илина Арсова.
Тој неодамна сподели фотографија на својот инстаграм профил каде што е заедно со својата партнерка Илина.
Во последно време Игор е доста активен на социјалните мрежи каде објавува детали од своето секојдневие, а не ретко знае да напише и свое видување за некои актуелни теми, но и за својата приватност. Па така овој пат тој сподели стори како ужива со пријатели покрај Дојранското езеро во утринското сонце во една добро позната дојранска сендвичара.
Освен тоа, сподели и неколку фотографии од уметничките слики на неговата партнерка Илина Арсова.