Синот на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, Иван Иванов се ожени со неговата вереница Јана, откако претходно се верија во октомври минатата година.
На нивните инстаграм-профили, споделени се фотографии од свадбената церемонија, која што може да се забалежи дека е направена во потесен круг на роднини и блиски пријатели на семејствата и младоженците.
Невестата, наместо класична венчаница носеше розов фустан, а на објавените фотографии може да се забалежи дека семеството Иванови очекува и принова.
Своевремено Иван важеше за надежен музичар во Македонија, истовремено додека неговиот татко ја обавуваше функцијата претседател.