Снимката каде се забележува хеликоптер кој се урнал во океанот на само неколку метри од капачите во областа Саут бич беше објавена од страна на полицијата на Мајами.
На снимката се гледа како луѓето пливаат кон хеликоптерот за да ги спасат оние кои се наоѓаат во него.
„Денес попладне, во 13:10, полицијата на Мајами доби дојава за пад на хеликоптер во океанот во близина на 10-тата улица. Полицијата и пожарникарските служби стигнаа на местото на настанот. Двајцата патници се превезени во болница и се во стабилна состојба“, објави полицијата.