Важно: Еве зошто мора да ги гледате бројките на тетрапак пакувањата пред купување

ИЗВОРНов Лист
|

Сигурно додека пазарите во најблискиот маркет сте забележале дека има бројчиња на тетрапак пакувањата. Во некои земји бројките се од 1 до 5, во други од 1 до 6. Овие бројки покажуваат колку пати е рециклирана содржината во тетрапакот.

Според одредени законски прописи, млекото со одминат рок се враќа на пастеризација, а потоа се враќа во маркетите, но тоа се прави до 5 пати најмногу. Всушност овие бројки го покажуваат токму тоа, колку пати млекото е вратено. Па така, најдобро е да ги земате оние пакувања кои покажуваат помала бројка.

Ги чувате овие работи дома, а никогаш не сте ни помислиле дека имаат рок на траење
Во текстот набројуваме повеќе работи за кои иако не би помислиле дека имаат рок на траење, сепак имаат, а ви нудиме и објаснување зошто не се добри за употреба.Немаат само храната и козметиката рок на траење, туку го имаат и работите со кои сте опкружени во домот, а за кои вам тоа можеби никогаш не би ви паднало на памет. Ова се некои од работите што имаат временско ограничување:

Перница: од 2 до 3 години. Перниците го менуваат обликот и може да добиете болки во вратот. Сунѓер за бањање: На него се создаваат мувла и габи. Четка за заби: 3 месеци. Препорачливо е да се смени по преболен грип, за да ја намалите шансата да се разболете повторно. Чешел: година дена. Би требало да се чисти барем еднаш неделно. Парфем: 1-3 години.

Детско седиште за автомобил: 6 до 10 години. Материјалите од кои е направено со тек на време се менуваат и не се безбедни. Градник: 1-2 години. Штом градникот го изгуби обликот и стане преголем или премал, мора да се замени со нов. Патики за трчање: 1 година, или истрчани 400 до 500 километри, по што тие ги губат својствата и можат да станат стрес за зглобовите.

Апарат за гаснење пожар: 15 години, освен ако се оштети (во тој случај веднаш однесете го на сервис). Продолжен кабел: 1-2 години. Тој има одреден капацитет и ако се премине, може да дојде до сериозни последици. Зачини: 1-2 години. Со текот на времето го губат вкусот и мирисот. Спреј против комарци: 2 години. По истекот на рокот, тој веќе не делува.