Дино Раѓа, свадбениот кум на пејачот Петар Грашo, ги изненади своите придружници со одговорот под неговата објава од свадбата на Хана и Грашo.
„Жал ми е за кутрата Данијела“, прокоментира една од пријателките на Дино, мислејќи на Данијела Мартиновиќ со која пејачот беше во врска 24 години пред да се заљуби во Ханa. „А зошто? Таа го остави“, напиша Раѓа.
После тоа, тој во друг коментар заклучи дека Хана и Грашо се „супер пар“. Инаку, легендарниот кошаркар беше еден од тројцата свадбени кумови на Петар Грашо. До него, покрај Грашо, стоеја словенечкиот угостител Томаж Кавчич како и пријателот на пејачот од детството Шиме.
Инаку, за време на нивната венчавка, Данијела Мартиновиќ била во Загреб – на друга свадба. Таа ги забавуваше гостите на таа свадба, па меѓу другото ги испеа и хитовите на семејството Хуљиќ.