Откако со емотивна објава му го честиташе роденденот на синот Александар, Северина денеска испрати роденденска честитка на уште еден важен човек во нејзиниот живот – нејзиниот менаџер Томица Петровиќ.
„Решена сум да танцувам со тебе засекогаш… Среќен роденден“, напиша таа покрај нивната заедничка фотографија.
Северина и Томица накратко ја прекинаа соработката пред неколку години, но во 2020 година повторно почнаа да соработуваат. Менаџерската улога пејачката накратко ја препушти на Ален Кључе, но оваа соработка не траеше.
„Кључе е голем професионалец, доказ за тоа е неговата соработка со најголемите светски ѕвезди. Турнејата ја продолжувам во април после постот, дотогаш уживам во секој момент со моето семејство“, изјави Северина.