СЕ МЕРАТ НЕВЕРОЈАТНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ ВО МАКЕДОНИЈА – ИЗМЕРЕНИ 23.4 °C! НО ОД ВТОРНИК ДОАЃА ГОЛЕМ ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ!

|

Нашата територија овие денови се наоѓа под влијание на невообичаено топла воздушна маса која продира од северените предели на Африка, и истата условува невообичаено високи температури на воздухот.

Најтопол ден беше вчерашниот, кога во Берово и во Крива Паланка беа измерени 15 степени, потоа во Скопје, Виница  и во Штип 16 степени, во Струмица и во Демир Капија 17 степени, во Гевгелија 18 степени и најтопло беше во Битола каде температурата на воздухот вчера се искачи дури до 23.4 степени. Да напоменеме дека овие температури се повисоки од нормалните дури и за повеќе од 10 степени.

Инаку како што најавивме, утре времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди. Особено во западните предели ќе има услови за повремен локален дожд, а ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Заладување на времето ќе има во вторник, кога врнежи ќе има на повеќе места и истите локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, и на повисоките места и на планините ќе преминуваат во снег. Сево ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен правец. Исто така, во вторник услови за врнежи од снег ќе има и на некои пониски места, додека максималните температури ќе бележат тенденција на значително опаѓање и истите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 12 степени во најтоплите предели.

Потоа од среда па натаму ќе имаме постабилно и релативно суво време со сончеви периоди, но минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат под нулата.

И во Скопскиот регион утре времето ќе биде променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди, додека во вторник ќе има пад на температурите и поголеми услови за врнежи. Во вторник исто така ќе дува засилен ветер од северен правец. Утре максималната температура во Скопје ќе се искачи до околу 17 степени, додека во вторник значителноп ќе опадне и под 10 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тукаМожете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki