Приватните матични гинеколози на средба во Министерството за здравство – усвоени им се најголемиот дел од барањата

|

Приватните матични гинеколози исто како и матичните лекари ја доставија до Министерството листата на барања коишто ги имаат и од кои зависи дали и тие ќе се одлучат на протест.

Бараат зголемување на капитацискиот бод, промена на казнената политика и насочување на истата кон опомени, како и амандман на Законот за здравствена заштита – да не се дозволи премин од секундарно и терциерно, на примарно ниво.

Добиле ветување дека ќе се разгледаат сите барања и дека ќе бидат вклучени и самите тие во креирањето на политиките.

На средбата во Министерството со заменикот-министер д-р. Рендевски им било посочено дека капитацискиот бод можеби нема да претрпи измени, но се разгледува модел да има коефициенти за различни групи на пациентки, информира д-р. Душко Филиповски, претседател на Здружението на матични гинеколози.