Бурите кои минатите денови беснееле во Германија предизвикале штета од 1,6 милијарди евра, соопштиле осигурителните компании.
„ Тргнуваме од тоа дека бурите Иленија и Зајнеп спаѓаат меѓу оние бури кои историски гледано предизвикале најголема штета“, рекол претставник на компанијата за проценки на осигурување “AON” од Хамбург, Јан-Оливер Тхоферн.
Треба да се додаде и Антонија, третата бура која за само неколку дена минута дена минала преку Германија, а која денеска веќе предизвикала бројни застои во железничкиот сообраќај на североистокот на Германија.
Последните три бури посебно ги погодиле средна и северна Германија. Делови од хамбуршките пристаништа во понеделникот се уште се наоѓаат под вода.
Според првите проценки, на бурата Иленија отпаѓа 500 милиони евра штета, на Зајнеп една милијарда, а на Антонија 100 милиони евра.
Вкупниот износ од 1,6 милијарди евра е повеќе од половина штета која во текот на цела една година ја предизвикуваат бурите во Германија.
Видеото погледнете го со клик ОВДЕ.