Изгледаш страшно, покажи ни го правото лице – Фановите изненадени од фотографиите, ја преплавија Мадона со негативни коментари

ИЗВОРНов Лист
|

Поп-кралицата Мадона (63) често ги остава фановите без збор со своите фотографии кои ги објавува на социјалните мрежи.

Имено, пејачката сега на Инстаграм објави серија фотографии на кои ужива во вино, а откри и како се обидува да сними филм.

-Се обидувам да снимам филм, навистина е многу тешко – напишала под објавата на Инстаграм, а со своите придружници споделила фотографија од камерата што ја користи.

Сепак, фановите не беа загрижени за претстојниот проект на ѕвездата, туку ги загрижи изгледот на пејачката на фотографиите, кои, како што заклучиле, таа го фотошопирала.

– Може ли да престанеш да користиш филтри на фотографиите – праша еден обожавател.

– Како е воопшто можно ова – беа шокирани другите.

-Изгледаш малку страшно, покажи ни го вистинското лице – беше уште еден коментар под објавата на пејачката.

„Сите знаеме дека си сосема поинаква во реалноста“, „Најлошиот фотошоп што сум го видел“, „После 1000 филтри тешко е да не изгледаш совршено“, Не е за пофалба, штета е што 63-годишна жена изгледа вака“, „Ова едноставно не е природно“, се само дел од негативните коментари.

Некои дури и го пофалија изгледот на Мадона.

„Убава Мадона“, напиша обожавателката.

Поп-кралицата неодамна откри дека работи на биографски филм за нејзиниот живот, а откри и дека одржува аудиции за проектот.