Во медиумите одекна веста дека Цеца Ражнатовиќ и Богдан Срејовиќ на почетокот на февруари ѝ ставиле точка на романсата. По раскинувањето, поранешните партнери се појавија во медиумите и потврдија дека на љубовта ѝ дошол крајот, но многумина сега беа изненадени од новата реакција на пејачката.
Имено, Богдан на Инстаграм сподели фотографија на која се гледа како ужива на Златибор, а фановите на пејачката веднаш забележале дека Цеца меѓу првите ја лајкнала оваа објава, што изненади многумина, а некои ги натера да помислат дека кај поранешните партнери сѐ уште постојат емоции.
Потсетуваме, раскинувањето на пејачката и угостителот следеше бидејќи, како што истакнаа за медиумите, емоциите биле згаснати, но и двајцата донеле одлука дека ќе бидат пријатели долго време.