Излизгани возила, замрзнати патишта: Нов хаос на Стража и Ѓавато со минусните температури и снегот (ФОТО)

|

Неколку возила се излизгани на превојот Стража, додека пак сообраќајот кон Кичево и обратно е во застој. Според првичните информации, неколку автомобили имаат материјална штета. И од фотографиите кои ги доби „Скопје1“ се гледа дека патот е лизгав и со снег.

“Ова е катастрофа. Стоиме во место, патот не е исчистен, снег и мраз има, премногу е лошо“, вели возач за „Скопје1“.

Слична е состојбата и на Ѓавато. И таму, коловозните ленти не се гледаат од снегот. Тешки товарни возила кои доаѓаат од двата правци, не можат да се искачат.

“Внимателно, патот е замрзнат“, вели истотака возач кој патува на овој патен правец.

„Сообраќајот на државните патишта се одвивa по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка. Намалена видливост поради појава на магла од 10 – 20м. има на патниот правец с.Лисец – Попова Шапка“, велат од АМСМ.