|
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди попладне.
Уште од изутрина ќе дува умерен до засилен северен ветер најизразен вдолж Повардарието (повремено со брзина над 60 км/час).
Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14 степени.
Во Скопје, Претежно облачно, попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Максималната температура ќе достигне до 12 степени.