Од 40 до 60 возила на ЈСП полицијата ги испрати на технички преглед – во прекин дел од линиите

|

Како што дозна и објави ТВ21 од свои извори, околу 60 возила на Јавното сообраќајно претпријатие утринава биле испратени на вонреден технички преглед од страна на полицијата, а поради тоа дел од линиите се во прекин.

Таков случај е и автобусот со број 67 кој сообраќа на релација Транспортен Центар – Зелениково каде речиси 2 часа не сообраќа ниеден автобус.

Веста ја потврдија и од call центарот на ЈСП од каде велат дека на оваа линија само едно возило сообраќа.