Џенифер Анистон е загрижена дека Метју Пери ќе открие се за неа и Бред Пит

ИЗВОРНов Лист
|

Ѕвездата на серијата „Пријатели“, Метју Пери, реши да напише мемоари во кои ќе опише 10 години од снимањето на овој ситком, неговата љубов, но и борбата против зависноста. Според странските медиуми, Џенифер Анистон е многу загрижена што Метју може да ги открие деталите за разделбата со Бред Пит во својата книга која ја криела цели 17 години.

Актерот Метју Пери одлучи да објави мемоари со наслов „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“, а на насловната ќе има негова фотографија.

„Толку многу се пишуваше за мене во минатото што решив и јас да кажам нешто. Подемите беа високи, падовите беа ниски“, изјави Пери за странските медиуми.

Американските медиуми пишуваат дека познатата актерка Џенифер Анистон е многу вознемирена поради ваквата одлука на Пери и дека е загрижена дека тој ќе открие детали од нејзиниот приватен живот.

Имено, за време на снимањето на серијата „Пријатели“, Анистон била во врска и со Бред Пит, а се разделиле во 2005 година, само неколку месеци по завршувањето на снимањето на серијата. Главните актери од серијата отсекогаш зборувале за тоа како се приватно пријатели, па Метју е целосно свесен за еден од најистакнатите разделби во светот на шоу-бизнисот досега.

Џенифер е свесна дека Метју сака неговата книга да биде бестселер и дека приказната за неа и Пит ќе привлече огромен интерес, изјави извор за Мирор, додавајќи дека сите мислеле дека Метју никогаш нема да ја предаде.