НОВ БРАН НА ПОИНТЕНЗИВНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД И СНЕГ ПРИСТИГНУВА ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ

|

До крајот на денов полека облачноста во Македонија ќе се намалува. Ќе дува умерен, а особено Долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени.

Во Скопје и околината исто така полека облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 11 степени.

Инаку како што најавивме, до сабота времето во Македонија ќе се задржи стабилно и суво, односно сончево со мала до умерена локална облачност, додека во сабота полека облачноста ќе се зголемува. Нов влажен бран од запад нашата територија ќе ја зафати во текот на ноќта сабота кон недела и во недела, и истиот ќе услови нови врнежи од дожд и од снег.

Да напоменеме дека утре сеуште ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Што се однесува до температурите, минималните на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

И во Скопскиот регион до сабота времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност, додека во сабота полека облачноста ќе се зголемува. Нови врнежи претежно од дожд се очекуваат во текот на ноќта сабота кон недела, како и во недела, додека на околните планини ќе има услови за врнежи од снег. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 11 и 12 степени.

Да напоменеме дека влажниот и студен воздушен бран кој ќе ја зафати нашата теритоија за време на викендот, како и во почетокот од следната недела ќе услови формирање на снежна покривка на повисоките места и на планините, а услови за формирање на снежна покривка ќе има и на некои од пониските места. Особено во недела ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од југоисточен правец, додека во почетокот на следната недела ветерот ќе го промени својот правец во северен.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki