Берзанската цена на гасот во Европа скокна за 35 отсто

|

Берзанската цена на гасот во Европа за време на денешното тргување порасна за 35 отсто и надмина 1.400 долари за илјада кубни метри, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.

Цената на мартовските фјучерси во референтниот центар TTF во Холандија се искачи на 1.414,5 долари за илјада кубни метри, или 120 евра за мегават-час.

Заклучно со 8:30 часот, растот на цените забави на 27,9 отсто на 1.317 долари за 1.000 кубни метри, или 113,68 евра за мегават-час.