Три знаци кои ќе ја прекинат врската до крајот на овој месец

|

РИБИ

Таман што ќе помислат дека пронашле нова љубов, ќе бидат исправени пред сериозни предизвици. Припадниците на овој хороскопски знак многу тешко ги забораваат поранешните партнери, многу често живеат во минатото и на тој начин не знаат да уживаат во моментите кои понекогаш се и пресудни за нивната среќа. Така ќе биде и овојпат.

РАК

Тие се големи емотивци и ним љубовта и семејството им се на прво место, но имаат проблем со рационален поглед кон нештата, па често се фаќаат во замка и епилогот е раскинување на врската. Раковите треба особено да бидат внимателни на љубовен план во наредните две недели.

СТРЕЛЕЦ

Оние кои се во тазе врска ќе бидат разочарани од партнерите. Не сите, но многумина од нив. Она што го идеализирале долго време ќе се распадне како меур од сапуница. Најдобро ќе биде да не се впуштаат во нови авантури до средината на февруари.