Поранешната водителка, Нора Шаќири Марковиќ, во најновото интервју на Бекстејџ зборуваше за мајчинството и бракот со Марко Марковиќ.
Нора и Марко го имаат двегодишниот син Ијан, па за „Бекстејџ“ открива на што ја научило мајчинството и колку ја променило како личност.
„Мајчинството ме направи потрпелива. Конечно го сфатив она трпение-спасение. Одеднаш добив сила за многу работи за кои сум велела дека нема шанси да ги направам. Сите мајки се менуваат откако ќе се породат и го имаат тоа чувство дека можат сè“, вели Шаќири Марковиќ за „Бекстејџ“.
Нора се породила со царски рез, но на прашањето дали породувањето е најголемата болка што една жена може да ја доживее, вели:
„Најубавата и најтешката работа е да си мајка. Кој ќе каже поинаку лаже, греши или не е мајка за да може да знае. И покрај тоа што се породив со царски рез, беше болно. Меѓутоа, поради силата што ми ја даде детето, станав после само еден ден“, искрена е Нора.
За коментарите, прашањата и осудите за нејзинит мешан брак, вели дека во 21-ви век нема смисла да се зборува за тоа кој со кого е во брак, дали се развел…
„Исклучително ми е досадно да зборувам на таа тема. Јас се омажив од љубов, не затоа што Марко е Македонец. Немам веќе што да додадам на оваа тема, досадно ми е кога за тоа ме викаат во емисија“, признава новинарката.
Погледнете го целото интервју на Нора за „Бекстејџ“.