„Немам проблем со никого. Не сум конфликтна личност. Стојам зад својот став и тешко е да ме извлечеш од него, а ги почитувам туѓите ставови, дури и да не биле во право“, изјави музичкиот директор на „Гранд“ продукција и успешен продуцент Александар Милиќ Мили.
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ и композиторот Александар Милиќ Мили соработуваат повеќе од 20 години, по што поради авторски права завршија на суд. Имено, тие ја прекинаа соработката во 2016 година и оттогаш не разговараат. Но, ситуацијата се промени кога Цеца дојде во жирито на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, каде Мили суди од минатата година. Иако нивната комуникација не е најдобра, тие сепак кажуваат неколку зборови низ емисиите.
Запрашан дали е точно дека не разговарал со својот поранешен соработник кога биле исклучени камерите, со оглед на тоа што Цеца кажала дека со него разговарала само во емисијата, Мили изјави:
Разговарам со сите, особено со неа. Немам проблем со никого. Јас не сум конфликтна личност. Стојам зад мојот став и тешко е да ме извлечеш од него и ги почитувам туѓите ставови, дури и да не биле во право.
Изминатиот викенд емисијата „Ѕвездите на Гранд“ ја одбележа кавгата меѓу Марија Шерифовиќ и Александар Милиќ. Мили тврди дека нема проблем ниту со Марија и дека многу ја почитува како пејачка.