Пендаровски: Заев се пресели во Струмица, ретко доаѓа во Скопје

|

Претседателот Пендаровски во гостувањето во Утрински брифинг беше прашан за неговиот однос со поранешниот премиер, Зоран Заев.

„Последно му испратив една-две пораки на Заев. Знам дека тој се пресели во Струмица и таму живее, ретко доаѓа во Скопје. Соопшти дека ќе формира некоја фондација со која ќе сака да остварува активности“, кажа Пендаровски.

Меѓу другото, претседателот Пендаровски истакна и дека државата има доволни стокови резерви за задоволување на потребите на граѓаните, но проблем може да настане доколку кризата потрае подолго и тогаш ќе бидат потребни интервентни увози.

Тој нагласи дека токму за ова било разговарано и на вчерашниот Совет за безбедност, заедно со прашањата поврзани со безбедносните аспекти.

– Проценките се однесуваат на реалните факти изнесени од премиерот. Ние сме пополнети во стоковите резерви. Проблем ќе биде ако ова со Украина потрае подолго. Тогаш ќе треба да правиме интервентни увози. Србија донесе одлука да не прави извоз на животно битни ресурси. На берзите се качија цените не само на нафтата, туку и на житото, истакна Пендаровски.