СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Значителен пад на температурите, проверете кога

|

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево и релативно тивко. Максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени.

Според Попоски, утре во текот на денот полека облачноста ќе се зголемува и под влијание на нов влажен и студен бран кон крајот на денот и во текот на ноќта од запад и југозапад ќе започнуваат нови врнежи од дожд и снег на пониските и само снег на повисоките места и на планините. Врнежите ќе продолжат и во недела и особено на повисоките места ќе се формира нова снежна покривка, а на планините истата ќе се зголеми. Локални врнежи претежно од снег ќе има и во почетокот од следната недела. Сево ова ќе биде проследено и со умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец.

ШТО СЕ ОДНЕСУВА ДО ТЕМПЕРАТУРИТЕ, ТИЕ ОСОБЕНО ОД НЕДЕЛА ЌЕ БЕЛЕЖАТ ТЕНДЕНЦИЈА НА ЗНАЧИТЕЛНО ОПАЃАЊЕ И МАКСИМАЛНИТЕ ДНЕВНИ ЌЕ СЕ ИСКАЧУВААТ ВО ИНТЕРВАЛОТ САМО ОД 1 ДО 9 СТЕПЕНИ.