Ова девојче важи за најпопуларна пејачка во регионот: Ќе погодите ли кој е на фотографијата?

|

Денеска е позната пејачка, а некогаш само учествуваше во регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. За својот талент вели дека го наследила од својата мајка и баба.

На 14 години започнала да пее на свадби и други прослави, а учеството во „Ѕвездите на Гранд“ и го промени животот. Таа е снаа на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ. Пејачката е омажена со посинокот на Лепа Брена, Филип Живојиновиќ, а својот приватен живот не сака да го експонира во јавност.

Се работи за Александра Пријовиќ. Таа на својот „Инстаграм“ сподели фотографија од периодот кога била дете, а под објавата доби еден куп коментари.