|
150 планинари од Македонија, Србија и Бугарија се заглавени во хотелот Молика на Пелистер и не можат да тргнат за дома, затоа што велат патот на Пелистер не е исчитен од снегот кој интензивно врне.
Тие вчера се искачуваа на врвот Неолица, на маршот посветен на Февруарскиот поход, а експедицијата е во организација на друштвото за планинанрски спортови Лисец од Штип.
Иако велат утрово им било ветено од надлежните, дека патот до хотел Молика ќе биде исчистен, сепак, до попладнево патниот правец се уште е затрупан во снег и тие не можат да си отидат дома.