Укината забраната за движење на камиони на Ѓавато – Еве каде останува

|

Од 14 часот е укината забраната за движење на тешки моторни возила на патниот правец Ресен-Битола, превој „Ѓавато“ и обратно, соопшти АМСМ.

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила беше воведена од 6:20 часот изутринава поради обилни врнежи од снег.

ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ТМВ: Од 15.55 ч. поради интензивни врнежи од снег на патниот правец Крива Паланка – г.п. Деве Баир се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.

Од 00:40ч. поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

СОСТОЈБА:Сообраќајот на државните патишта се одвивa по влажни коловози, на некои повисоки места во западните делови од државата со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.