Дали Хана и Петар Грашо ќе бидат родители на момче или девојче? Несакајки го откриле полот

ИЗВОРНов Лист
|

Петар Грашо и Хана Хуљиќ пред една недела го кажаа судбоносното да, но не открија детали за бебето кое наскоро ќе се роди!

Хана Хуљиќ ќе се породи во јули, а ќе роди девојче, пишуваат српските медиуми.

Според информациите, Петар и Хана оваа информација им ја откриле на гостите за време на свадбената веселба, бидејќи пред тоа не сакале да зборуваат за полот на бебето.

Да потсетиме, Хана Хуљиќ и Петар Грашо се венчаа на 19 февруари во Сплит, а церемонијата беше организирана само за најблиските пријатели и членовите на најтесното семејство.