СЛЕДУВААТ НОВИ ВРНЕЖИ ОД СНЕГ НА ПОВЕЌЕ МЕСТА И НОВА СНЕЖНА ПОКРИВКА

|

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде променливо облачно и СТУДЕНО со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Вечерва, како и во текот на претстојната ноќ ќе има локални врнежи претежно од снег. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 10 степени во најтоплите предели од државава.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Во вечерните часови, како и во текот на претстојната ноќ локално ќе има услови за провејување на снег. Максималната температура ќе се искачи до околу 6 степени.

Инаку како што најавивме, утре и понатаму ќе има локални врнежи претежно од снег. Повеќе застапени врнежите ќе бидат во јужните и во југозападните предели од државава. Ќе дува и слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Потоа од среда па натаму следува неколку дневен период на претежно стабилно и суво време.

Што се однесува до температурите, во текот на следните утрини минималните температури ќе бидат доста ниски, и понекаде истите ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 7 степени. Пораст на максималните температури се очекува од среда па натаму, кога истите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 12 степени.

И во Скопскиот регион утре ќе има услови за послаби врнежи од снег, а во делови од котлината ќе има услови и за мешавина од дожд и снег. Ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Потоа од среда следува неколку дневен период на претежно стабилно и суво време. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помешу -3 и -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 10 степени.

НАПОМЕНА: Со овие врнежи од снег кој се очекуваат утре, се очекува ново зголемување на снежната покривка таму каде што ја има истата, а формирање на нова снежна покривка ќе има и на некои ниски места, особено во јужните и во југозападните предели од државава. Инаку утре започнува климатолошката пролет, а времето ќе наликува како вистинска зима и тоа поради студениот и релативно влажен воздушен бран кој се очекува.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki