Цел викенд, а и денеска граѓаните масовно купуваат основни прехранбени производи во исчекување на утрешното одмрзнување на цените. Социолозите велат дека ваквата реакција е природна. Луѓето две години живеат во кризна состојба. Најавата за одмрзнување на цените доплнително влијае стравот да расте. Пани чното пазарење нуди некаква безбедност, која всушност треба да ја даде државата. Власта мора да делува смирувачки во оваа ситуација вели професорот Илија Ацевски.
Граѓаните кои денеска пазареа велат дека цените и пред да се одмрзнат се високи, а пари нема за да се прават залихи.
Според економистите пак, и замрзнувањето на цените и ограничувањето на маржите не се мерки кои се одржливи и носат проблеми. За да се смират и цените и побарувачката, професор Зоран Ивановски вели дека државата треба да интервенира со стоковите резреви. Граѓаните пак, според него, треба да се смират за да не направат доплнителен притисок врз и така растечките цени.
Од декември до денеска беа замрзнати цените на основните прехранбени производи. Од утре стапува на сила новата мерка за ограничување на трговските маржи. Во трговијата на големо маржата може да биде најмногу 5%, а на мало 10%.