Неделен хороскоп од 28 февруари до 6 март

|

Овен


Оваа недела ќе бидете презафатени и како резултат на тоа ќе се чувствувате уморно. Ќе донесете важни одлуки кои, од друга страна, ќе бидат патот кон вашиот успех. Истовремено, ќе ги зголемите вашите приходи и уште еднаш ќе ги покажете вашите одлични лидерски квалитети. Со оглед на многубројните работни обврски нема да можете да му посветите доволно внимание на семејството, но тие ќе ве разберат и поддржат во вашите намери. Тоа ќе ви помогне да останете смирени и трпеливи.

Бик


Оваа недела вашата интуиција ќе ви помогне да направите одлични анализи и стратегии во поглед на вашата кариера. Покрај тоа, деновите што доаѓаат ќе бидат одличен момент за поврзување со нови личности кои ќе ви помогнат во професионалниот развој. Единствениот проблем за вас ќе биде поврзан со љубовниот живот. Вашето однесување несвесно ќе придонесе за појава на несигурност во врската, особено од страна на партнерот. Обидете се искрено да разговарате за тоа да не дојде до несакани недоразбирања.

Близнаци


Деновите што доаѓаат ќе бидат многу важни во поглед на вашата кариера. Сиот ваш фокус ќе биде насочен кон работните обврски. Не заборавајте дека со помош на трпението ќе успеете да ги постигнете навремено сите цели. Вашата посветеност на работата ќе биде тестирана неколку пати, а кон крајот на неделата очекувајте награда за напорната работа. Сепак, внимавајте на одредени неправилности кои можат да доведат до намалување на вашите шанси за унапредување. Од друга страна, ќе добиете добри вести во поглед на здравјето на вашите родители.

Рак


Во текот на оваа седмица ќе имате можност да се впуштите во непознатото бидејќи ве очекува соло патување. Иако на почетокот нема да се чувствувате пријатно, ќе сфатите дека напуштањето на удобната зона може да прерасне во вистинска авантура. Тоа ќе ви помогне да научите повеќе за себе и да ја осознаете вашата вистинска природа. Фокусирајте се на сите аспекти од вашиот живот и работете напорно за да постигнете сè што претходно сте замислиле. Можеби почетокот на неделата ќе ви се чини збунувачки, но како што одминуваат деновите, полека ќе се прилагодувате на новата рутина.

Лав


Препуштете ѝ се на интуицијата бидејќи таа ќе ви помогне да ја зацврстите вашата самодоверба. На тој начин ќе добиете благодарност и од луѓето кои не веруваа во вашите способности. Фокусирајте се на градење односи кои нема да се засноваат врз себични мотиви и обидете се да ги подобрите вашите комуникациски вештини. Вашите лидерски способности пак, ќе ви отворат нови перспективи во животот. Ако сте во врска, ве очекуваат пријатни мигови со партнерот.

Девица


Оваа недела ќе прекрасна за вас бидејќи позитивните вести на почетокот на неделата ќе ви ја зголемат самодовербата. Покрај тоа, неделата ќе ви биде полна со возбудливи искуства. Ве очекува позитивна промена во однос на вашето физичко и ментално здравје. Тоа, од друга страна, ќе ви влее ентузијазам да се дружите со луѓе и да посетувате разноразни настани. Доколку сте во врска, искористете ја позитивната енергија за да ги подобрите односите со партнерот.

Вага


Ве очекува неверојатна недела. Ќе имате многу можности да се докажете на работа што може да доведе и до унапредување. Доколку сте во врска, ќе имате прекрасни мигови со партнерот, а ако сте сами, можеби токму оваа недела ќе ја запознаете сродната душа. Ќе блескате од среќа, а вашата позитивна енергија ќе придонесе и за подобрување на вашето здравје. Не заборавајте колку што е можно почесто да одите на прошетка, да се храните здраво и да внесувате повеќе течности.

Скорпија


Иако не секој аспект од вашиот живот ќе функционира на начин како што посакувате, сепак борбите и предизвиците ќе ве направат попаметни и посилни. Ќе се чувствувате нервозни и возбудени бидејќи очекувате приход како резултат на инвестицијата што ја направивте претходно. Сепак, ќе постојат моменти кога ќе уживате во вашиот професионален и приватен живот бидејќи голем дел од времето ќе го поминувате со саканата личност. Искористете ги овие моменти за да поразговарате за теми поврзани со вашата иднина.

Стрелец


Оваа недела ќе ви биде полна со авантури и среќа. Ќе се чувствувате енергично во текот на целата недела без разлика на препреките на кои ќе наидете затоа што со секој нов предизвик ќе бидете сè поблизу до целта. Покрај тоа, љубовта и поддршката на партнерот ќе ве следат на секој чекор, а тоа ќе придонесе да се чувствувате посебно. Ова ќе биде и нов поттик да работите на своите желби и да не се откажувате.

Јарец


Многумина ќе ви се обратат за помош токму поради вашите технички вештини и практични познавања. Ќе наидете и на посебен однос од страна на пријателите, семејството, колегите и партнерот. Среќата ќе ве следи и во поглед на бизнисот кој ќе се одвива во најдобар ред. Ќе се појави нова можност токму оваа недела која, доколку ја искористите, ќе ви донесе голем профит. Што се однесува до семејството, бидете подготвени и за многу позитивни изненадувања.

Водолија


Ќе имате одлична недела благодарение на малите гестови од страна на вашиот партнер кои ќе направат да се чувствувате среќни и задоволни. Очекувајте подобрување на здравјето во текот на следните денови. Ќе се чувствувате добро со оглед на неизмерната поддршка на семејството и пријателите. Ќе сфатите дека луѓето кои беа со вас во вашите најтешки мигови се оние кои вистински се грижат за вас и дека без нив не би можеле да бидете таму каде што сте денес.

Риби


Полека им се ближи крајот на тешкотиите со кои се соочувавте минатата недела. Работите постепено ќе се вратат во нормала, почнувајќи од оваа недела. Ве очекуваат позитивни изненадувања и моменти на нежност за кои ќе се погрижи вашиот партнер. Подобрувањето на нештата ќе придонесе и за зголемување на вашата самодоверба што ќе ве направи особено среќни во текот на целата недела. Не заборавајте да ја искористите максимално секоја можност што ќе ви се пружи.